БИТ ФЕСТ: „БАБАМ БИТОЛСКИ ПРИКАЗНИ“ – ДЕТСКА ИНТЕРАКТИВНА КУКЛЕНА ПРЕТСТАВА

БИТ ФЕСТ: „БАБАМ БИТОЛСКИ ПРИКАЗНИ“ – ДЕТСКА ИНТЕРАКТИВНА КУКЛЕНА ПРЕТСТАВА

Во наменски креирано мобилно куклено катче, низ интеракција со деца во форма на прашања и одговори, како и со анимирање со различни забавни содржини од страна на актери, илузионист, кловнови и слично, во рамките на детската интерактивна куклена претстава „Бабам битолски приказни“, се овозможи двoчасовно дружење на најмалите со професионални актери во специфични околности. Детската куклена претстава „Бабам Битолски приказни“ е омнибус од 4 приказни (едночинки) во кои на еден едукативен, моралистички, но и комичен начин се раскажуваат неколку приказни поврзани со урбаниот живот на градот Битола. Во претставата на еден посебен начин беше направена пралела со минатото и сегашноста, исполнета со многу динамика и испреплетена со песни кои ја опеваат Битола.