БИТ ФЕСТ: „ДЕТСКИТЕ СРЦА ЗА БИТОЛА“ – РОЗЕТА СТОУН

БИТ ФЕСТ: „ДЕТСКИТЕ СРЦА ЗА БИТОЛА“ – РОЗЕТА СТОУН

Во организација на центарот за странски јазици „Розета Стоун“, на Плоштадот Магнолија, се организираа повеќе активности, во кои активно учество зедоа голем број деца, изразувајќи ги својата креативност и знаење преку своите уметнички вештини во различни области. Цртање и боење на битолски мотиви и знаменитости, детска изложба на подготвени цртежи и народни мотиви и модел на Саат Кулата, кратка детска театарска изведба, детска индивидуална музичка изведба на “Македонско девојче”, верзија на Каролина Гочева, сплет од битолски ора, во изведба на група деца од КУД Плетенка, како и интеракција на Кловнот Заги со присутните деца и вежбање на негова кореографија на “На Широк Сокак шетаме”, беа главните активности со кои децата го разиграа Плоштадот Магнолија „обојувајќи“ го во најразлични бои.