БИТ ФЕСТ: „ПЛАНЕТИТЕ И ДЕЦАТА“ – ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА

БИТ ФЕСТ: „ПЛАНЕТИТЕ И ДЕЦАТА“ – ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА

Во едукативно – креативната работилница за деца, во првиот дел беше прожектиран информативно едукативен материјал  за настанувањето на сончевиот систем и планетата земја, проследен со експлицитно објаснување на идните астрономи – децата презентери. Во вториот дел вредните детски раце изработуваа модели и предмети од природен пластелин, изработувајќи макети на планетарниот систем како и многу други креативни изработки. На работилницата за деца и млади учествуваа деца од Битола и околината, под менторство на обучен и сертифициран едукатор во НТЦ програмата, со долгогодишно искуство и работа со деца .