БИТ ФЕСТ 2015 – БИТОЛА ДОМАЌИН НА БАЛКАНСКИ И ЕВРОПСКИ РАКОТВОРЦИ

БИТ ФЕСТ 2015 – БИТОЛА ДОМАЌИН НА БАЛКАНСКИ И ЕВРОПСКИ РАКОТВОРЦИ

Здружение  АСТЕРИОН 5, по трет пат во рамките на БИТ ФЕСТ е организатор на Балканска колонија на ракотворци. Првите две изданија се реализираа благодарение на поддршката од покровителот на Бит Фест, градоначалникот на Битола, а ова трето издание на Колонијата ја има и поддршката од Министерство за култура на Република Македонија. Балканска колонија на ракотворци е фестивал од културата на ракотворењето или како што формално – правно се наречени производите „домашни ракотворби“ – сите производи изработени со едноставни алатки, материјали кои може да се најдат во малите локални бизниси, во традиционална техника, во кои е вткаена многу вештина, љубов и надеж. Здружението АСТЕРИОН 5 обезбеди и балкански учесници, а неговиот концепт вклучува едукативни содржини, работа пред публика и промоција. За учесниците оваа Колонија претставува можност за иновативност и надградба на квалитетот, практична проценка низ артистичката и комерцијалната оценка.
Годинава Балканска колонија на ракотворци се одржува од 12 до 16 август, со учесници од Австрија,  Србија, Турција, Б и Х, Македонија и особено е задоволството што годинава комисијата избра и учесник кој е по потекло од Романија, но живее и работи во Македонија. Во програмата на Колонијата предвиден е и мастерклас во времетраење од 5 дена со академскиот уметник, скулптор и специјалист за мозаици Руслан Сергеев, од Израел. Тој ќе работи со 6 дипломци и студенти од ФЛУ при УКИМ, предводеи од Тони Николовски, виш конзерватор и рествратор. Колонијата и со офф-програма: трибина за  дефинирање на профилот на битолскиот чкембар, а скицата ќе ја направи Рамазан Ајкилич, сликар од Измир, Турција. Крајната цел на Колонијата е нивните цртежи да прераснат во битолски традиционален сувенир.  Во рамките на Колонијата во сабота, на 18 август, ќе се одржи и трката на авторот Живко Поповски – Цветин за влез во Гинисовата книга на рекорди за 2015, со најдолгата насликана со акрилни бои и цвет,  Цветна патека за мир.

BF2015Rakotvorci