Втора интернационална вечер на фестивалот ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ
Втората интернационална вечер на 45-от Републички фестивал ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ, започна со семинар за традиционална музика и игра во студенскиот дом Кочо Рацин каде беше претставена традиционлна музика и игра со стручна едукација и надоградба на кадрите во групите и ансамблите за традиционална музика и игра.
Следен настан во програмата на втората интернационална вечер беше „На пладне во чаршија“ каде беа прикажани содржини со фолклорни презентации.
Втората интернационална вечер се заокружи со „Вечер на традиционална музика и игра“ на Ракометното игралиште во Битола.
На манифестацијата се претставија следните фолклорни ансамбли: КУД „ Бисер“ Кичево, КУД „ Весели пензионер„ Пробиштип, КУД „ Илинден“ Демир Хисар, Играорна група „Ѓура Мара“ с. Миравци, КУД „ Дримкол“ Вевчани, ФА „Цветови“ с. Дедино, КУД „ 7-ми Септември“ Македонски брод, Ансамбал „Баладеле делтеи“ Дорулетул“ Тулчеа, Романија, ФА „Цветови“ с. Дедино, Ансамб „ Курупие Зиелоне Биалисток, Полска, КУД „ Мирче Ацев“Прилеп, АФ „Гоце Делчев“ Битола и ГКУД „Севадх“ Врање, Србија
Фестивалот Илинденски денови е во покровителство на Собрание на Република Македонија, Министерство за култура и Општина Битола во програма на БИТ ФЕСТ 2015.