ВО ПРЕСРЕТ НА НОВАТА ГОДИНА ОСВЕТЛУВАЊЕ НА СААТ КУЛАТА ВО БИТОЛА

ВО ПРЕСРЕТ НА НОВАТА ГОДИНА ОСВЕТЛУВАЊЕ НА СААТ КУЛАТА ВО БИТОЛА

Во пресрет на Новата 2024 година, Битола најавува уште една прекрасна светлина која ќе заблеска во центарот на градот. Осветлена во боите на македонското знаме, карактеристични и за грбот на Општина Битола, Саат кулата, три дена пред новогодишната ноќ, ја покажува посебната убавина со која ќе биде исполнет просторот околу еден од најважните симболи на Битола.

Додека, Старата битолска чаршија и Платото пред Офицерскиот дом, живеат со „Зимска приказна“, Саат кулата, како посебна, значајна знаменитост за Битола, во новите 365 дена, со посебен колорит на топлина и впечатливост ќе го исполни просторот кај Градскиот парк.