НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ПОВЕЌЕ ИНСТИТУЦИИ И ЗДРУЖЕНИЈА

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ПОВЕЌЕ ИНСТИТУЦИИ И ЗДРУЖЕНИЈА

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, со новогодишни пакетчиња им ги честита Новогодишните и Божиќните празници на штитениците во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, како и во Заводот за рехабилитација „Кочо Рацин“.  Со цел разубавување на празниците на најмладите, Општина Битола донираше новогодишни пакетчиња и за повеќе здруженија и институции кои работат со лица со попреченост, како и за општинската организација на Црвениот крст, со што од општината донирани се вкупно 400 пакетчиња.

Општина Битола, изразува голема благодарност и до „КАМ ДОО“ за донацијата од дополнителни 300 новогодишни пакетчиња, со што се овозможува новогодишната радост да ја почувствуваат повеќе дечиња од социјално ранливи семејства.