ВО СРЕДА ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА НАДОМЕСТ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ  ЗА КУПУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕД

ВО СРЕДА ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА НАДОМЕСТ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕД

Општина Битола со цел да ги стимулира граѓаните на користење на превозни средства кои не го загадуваат воздухот, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства за велосипеди купени од денот на објавување на повикот во дневен весник и на веб страната на Општина Битола www.bitola.gov.mk – во делот актуелно.

Повикот ќе биде објавен во среда 16.06.2021 од кога ќе започе и аплицирањето, согласно условите кои ќе бидат наведени во јавниот повик. Граѓаните ќе имаат можност за аплицирање седум работни дена.