Документарен филм „Традиција која не умира“

Документарен филм „Традиција која не умира“

Во Магазата во рамките на битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2015, здружението Гопеш-НАШЕ СЕЛО, на многубројните посетители преку презентација на документарниот филм им ја прикажа богата историја, благодетите и убавините на село Гопеш.
Во  дворот на битолската Магаза беше прикажан документарниот филм за влашкото село Гопеш кое изобилува со историски вредности значајни за опшествениот, културниот и економскиот развој во кој гравитира селото.
Гопеш е село од каде што потекнуваат значајни академици, писатели, уметници, сликари и храбри борци од НОБ, кои биле дел од седмата бригада на генерал Васко Карангелевски.  Исто така на филмот беше прикажан и моментот на развојот на трговијата и високиот животен стандарт бидејќи низ Гопеш врвела познатата Вија Игнација.

BF2015_FilmGopes_1 BF2015_FilmGopes_2 BF2015_FilmGopes_3 BF2015_FilmGopes_4 BF2015_FilmGopes_5 BF2015_FilmGopes_6 BF2015_FilmGopes_7 BF2015_FilmGopes_8