ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ВО ВРСКА СО ДАНОКОТ НА ИМОТ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ВО ВРСКА СО ДАНОКОТ НА ИМОТ

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, кој Собранието го усвои во јуни минатата година, направени се повеќе измени поради што граѓаните кои имаат промена во имотот кој го поседуваат, со цел ажурирање на податоците потребно е да достават документација до општината, најдоцна до 31 декември оваа година.

Со новите законски измени, донесени на предлог на Владата, согласно член 6 став (5) Државата, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, како и физичките и правни лица кои нема да пријават дека не користат недвижен имот кој е во нивна сопственост, ќе платат данок по стапка пет пати повисока од пропишаните стапки во ставот (1) од овој член.

Согласно член 6 став (2) Стапките на данокот на имот можат да се утврдуваат според видот на имотот.

Согласно член 6 став (3) Стапката на данокот на имот за земјоделското земјиште кое не се користи за земјоделско производство се зголемува три пати во однос на стапката од 0,10%.

Согласно член 6 став (4)  Стапките на данокот на имот за другиот недвижен имот од член 2 , зградите-станбени згради или станови, деловни згради и деловни простории, административните згради и административните простории, згради и станови за одмор и рекреација и други градежни објекти, како и инсталациите подигнати врз нив или под нив и трајно споени со нив, а кои не се користат од сопственикот или не се издава под закуп подолго од шест месеци во текот на една година, се зголемуваат за три пати во однос на стапките пропишани во член 6 став (1).

Согласно член 9 од Законот, Обврзникот на данокот на имот за едностанбен или повеќе станбен објект за домување и двор (земјиште) во кое живее има право на намалување на пресметаниот данок во висина од 50%.

За законските измени и обврските кои произлегуваат од истите, Општина Битола, јавноста ја известува и со директно цитирање на членовите од законот во решенијата за данок на имот кои им се доставуваат на домашна адреса.