Изложба Од Битола со Љубов во Порта Џез

Изложба Од Битола со Љубов во Порта Џез

Во рамките на Бит Фест 2015 – под покровителство на Општина Битола и Градоначалникот д-р Владиимир Талевски, Центарот за Европски развој и интеграција од Битола во периодот од 27.06.2015 до 14.07.2015 го реализира фото конкурсот Со Љубов од Битола 2015.
На конкурсот се пријавија 27 автори со повеќе од 70 фотографии од кои стручното жири во состав: Коста Дупчинов – претседател на фото-кино клубот Битола, м-р Диоген Хаџи-Коста Милевски претседател на ЦЕРИ Битола и Виктор Налевски добитник на награди на фото конкурсите Со Љубов од Битола 2013 и 2014 направија селекција на 30 фотографии кои станаа дел од Изложбата со Љубов Од Битола 2015. Во рамките на натпреварувачкиот дел беа доделени три награди и пофалници на вкупно пет учесници.
Пофалници им беа доделени на Емилија Трајковска и Марија Цветанвска како најмлади учесници на конкурсот.
Третата награда ја освои Татјана Димитриевска за својата фотографија – ПРОШЕТКА.
Втора награда му беше доделена на Игор Војновски за фотографијата БИТОЛА НА ТОЧАК
Додека првото место и наградата од 2000 денари и беше доелена на Ивона Кочов за фотографијата ГОЛА ВИСТИНА
Изложбата ќе биде поставена до 06.08.2015 и неа покрај гостите намерници ќе имаат можност да ја видат и сите случајни посетители на локалот.

BF2015_IzlozbaDzez_1 BF2015_IzlozbaDzez_2 BF2015_IzlozbaDzez_3 BF2015_IzlozbaDzez_4 BF2015_IzlozbaDzez_5 BF2015_IzlozbaDzez_6 BF2015_IzlozbaDzez_7 BF2015_IzlozbaDzez_8