Изложба „Уметност во прво лице“ Магаза

Изложба „Уметност во прво лице“ Магаза

Синоќа во 20 часот, во Битолската Магаза при НУ Завод и Музеј Битола  беше отворена изложбата „Во прво лице“.
Изложбата „Во прво лице“ претставува избор на дела од истоимената изложба одржана во април-мај 2015 година во НУ Национална галерија на Македонија, објект Мала станица и на истражувачкиот проект “Автопортретот во современата македонска уметност од 1990 година до денес“.
Изложбата претставува иницијално истражување на едно своевидно современо автопортретирање  коешто  презентира дел од авторите кои во различни медиуми го опфаќаат третманот на себеприкажувањето во делата на современите македонски уметници, особено на  помладата генерација автори.
Гостувањето на оваа изложба во Битола се реализира во рамките на Бит фест 2015, и  проектот „Кич, да ?! / Сте или не?“, 2015, организиран од страна на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, НУ Национална галерија на Македонија и НУ Завод и музеј Битола.

BF2015_Izlozba1Lice_1 BF2015_Izlozba1Lice_2 BF2015_Izlozba1Lice_3 BF2015_Izlozba1Lice_4 BF2015_Izlozba1Lice_5 BF2015_Izlozba1Lice_6