Детски театарски фестивал Битолино

Детски театарски фестивал Битолино

Синоќа во Центарот за култура во Битола официјално беше отворен ИДТФ Битолино 2015 кој оваа година слави јубилеј од пет години од своето постоење. Првиот фестивалски ден започна со претставата „Не, не ти!  која е во официјална конкуренција на долгогодишните пријатели на ИДТФ Битолино.
Како и секоја година така и оваа „Мала Сцена“ дојде со претстава која носи многу голема порака и е посветена на проблемите со кои одредени деца се среќаваат. Битолската публика досега во нивна продукција имаше можност да гледа претстави посветени на малолетничката деликвенција, претстава за децата со посебни потреби а минатата година на сцената во Битола за прв пат настапија со претстава во која главната улога ја толкуваше слепа актерка. Оваа година се занимаваат со проблемот на децата со епилепсија, односно за разликите помеѓу децата, игрите, луѓето, зошто некои деца смеат и можат се, а некои не, всушност ова не е приказна со почеток и крај, ова е една игра, театарска игра во која се прашуваме: Зошто ти неможеш? Но не го прифаќаме одговорот: Ете така НЕ! А бараме објаснување за него. Претставата беше наменета за деца поголеми од 7 години,
Честа да го отворат свечено петтото издание на ИДТФ Битолино им припадна на децата од театарската школа „Бабец“ со краткиот перформанс создаден по идеа и текст на Јулијана Мирчевска со наслов „Тажната Нула“. Оваа приказна беше пренесена низ играта на 15 деца кои низ комични и лирични моменти покажаа дека иако малечки се свесни за светот во кој живееме и дека почитта едни меѓу други не прави само посилни а со тоа и помоќни да создаваме подобар свет.
За крај на првиот фестивалски ден се одигра претставата „Звучи – Зун Зун!“ во продукција на театарот од Лунд, Шведска SAGOHUSET што во превод значи „Дом на бајките“.
Театарскиот детски фестивал Битолино е во рамки на БИТ ФЕСТ 2015.

BF2015_Bitolino_1_1 BF2015_Bitolino_1_2 BF2015_Bitolino_1_3 BF2015_Bitolino_1_4 BF2015_Bitolino_1_5 BF2015_Bitolino_1_6 BF2015_Bitolino_1_7 BF2015_Bitolino_1_8 BF2015_Bitolino_1_9 BF2015_Bitolino_1_10