Концерт на госпел музика Howard Gospel Choir САД

Концерт на госпел музика Howard Gospel Choir САД

Преполна сала со позитивни овации за госпел музиката во НТБ Битола
На сцената на НТБ – Битола за прв пат со своја изведба пред битолската публика и многубројните туристи  во рамките на јубилејниот десетти по ред БИТ ФЕСТ 2015, со традиционална-госпел музика се претстави Howard Gospel Choir  од Америка.
Во преполната сала пред задоволната публика, американскиот универзитетски госпел хор HGC, се претстави со музички црковни композиции за христијанството и Исус Христос.
Хорот е една од најголемите институции кој повеќе од четири децении  ја негува афроамериканската култура во САД. Нивното творечко мото е да и служат на вистината и вербата, преку интерпретацијата на духовна музика.
На својата европска и балканска турнеја HGC хорот настапува под диригентско водство на Региналд Голден, првенец на Универзитетот Харвард од Кливленд Охајо.

BF2015_Gospel_1 BF2015_Gospel_2 BF2015_Gospel_3 BF2015_Gospel_4 BF2015_Gospel_5 BF2015_Gospel_6 BF2015_Gospel_7 BF2015_Gospel_8 BF2015_Gospel_9 BF2015_Gospel_10 BF2015_Gospel_11 BF2015_Gospel_12