Летната сцена претесна за битолскиот бренд ФОЛТИН

Летната сцена претесна за битолскиот бренд ФОЛТИН

Прекрасната летната сцена беше епицентарот на вистинското музичко доживување што се случи во Битола со концертот на најпознатата македонска  и европска група Фолтин.

Со своите 18 години постоење во статистиката на Фолтин стои, седум самостојни албуми, музика за преку дваесет театарски претстави и бројни настапи во Македонија, Хрватска, Италија, Австралија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка.  Карактеристично за нив е експресијата и стабилноста на музичкиот израз и од аспект на композицијата и од аспект на музиката со што достојно промовираат и афирмираат еден модерен правец кој ја привлекува различната по возраст публика. Изразувајќи се преку нотите и дирките на инструментите со помош на магичната сила на бојата на гласот на вокалот, Бранко, тие пренесуваат пораки со универзално значење.

Последниот албум на Фолтин насловен „Пијан Славеј“ излезе годинава, во продукција на Центарот за култура од Битола.

Музичкиот перформанс беше во програма на десеттиот по ред БИТ ФЕСТ 2015.

BF15_foltin_4 BF15_foltin_5 BF15_foltin_6 BF15_foltin_7 BF15_foltin_8 BF15_foltin_9 BF15_foltin_11 BF15_foltin_12 BF15_foltin_13 BF15_foltin_14 BF15_foltin_15