Музиката на Радио Битола Преку грамофонските плочи

Музиката на Радио Битола Преку грамофонските плочи

Двесте грамофонски плочи и дел од опремата на некогашното радио број еден во државата „Радио Битола“ беа изложени  на изложбата што ја организираше    Здружението на граѓани Архивист 2  и  Државниот архив на РМ – одделение Битола. Радитото кое веќе не постои зад себе остави голем архивски материјал, богат фонд на музика зачуван на ленти, касети и бројни грамофонски плочи. На изложбата беа изложени 200 грамофонски плочи и дел од опремата на ова радио што е зачувана во архивот по неговото одење во стечај.

Идејата за ваква изложба е добро примена и од некогашните вработени на Радио Битола кои својот работен век го поминале токму во овој медиум. Ова е прва изложба од ваков вид во земјава, а целта е да се сочува музичкото богатство што Радио Битола успеа да го задржи во текот на своето постоење.

Изложбата се реализира во рамките на најдолгото културно лето Бит фест 2015.

BF15_izlozba_arhiv_4 BF15_izlozba_arhiv_5 BF15_izlozba_arhiv_6 BF15_izlozba_arhiv_7 BF15_izlozba_arhiv_8 BF15_izlozba_arhiv_9 BF15_izlozba_arhiv_10 BF15_izlozba_arhiv_11 BF15_izlozba_arhiv_12 BF15_izlozba_arhiv_13 BF15_izlozba_arhiv_14 BF15_izlozba_arhiv_15 BF15_izlozba_arhiv_16