Локум Фест Стара чаршија

Локум Фест Стара чаршија

Во старата битолска чаршија во рамките на најдолгото и најсодржајното музичко културно лето БИТ ФЕСТ 2015, започна деветто издание на „Локум фест“ традиционална манифестација што се одржува во Битола во организација на Центарот за културна деконтаминација.
Локум фест е традиција која има за цел да го врати духот и животот на Старата битолска чаршија која некогаш била место каде се вкрстувале и негувале различните култури, традиции и обичаи.
Фестивалот да го отворат имаа чест познатите велешеки чалгии.

BF2015LokumFest_1 BF2015LokumFest_2 BF2015LokumFest_3 BF2015LokumFest_4 BF2015LokumFest_5 BF2015LokumFest_6 BF2015LokumFest_7