Магнолија пулсираше со џезот и Четкар

Магнолија пулсираше со џезот и Четкар

Со спектакуларен и посебен џез-концерт,  охридско-светски познатиот  џезер, Владимир Четкар, на одбројувањето на последните денови од јубилејниот десетти по ред БИТ ФЕСТ, за битолчани и верната публика приреди вистинско несекојдневно   џез-музичко доживување.
Владимир Четкар е светски реномиран џез-музичар кој подолго време работи и  живее во Њујорк.  Љубовта за џез музика кај него се пројавува во средношколските денови, кога свирел со некои локални бендови. Неговите почетоци за џез-правецот биле под влијание на светски познатите гитаристи и музичари како Лени Кравитц и Џими Хендрикс.  Заминувањето да живее во Америка била  одлука да го оформи своето музичко образование, бидејќи во Македонија и регионот немало Џез- Академија.
Својата инспирација ја црпи од среќните моменти кога е релаксиран и се чувствува најубаво и позитивно.
Задоволството од прекрасната атмосфера што го предизвика пред  публиката, беше кулминацијата на вечерниот концерт во Битола, што  го приреди за битолчани и многубројните туристи, од каде што беше пренесена многу позитивна енергија.
Џез-концертот на Четкар е почеток на серијата концерти што ќе се случат на последните денови од десеттиот по ред БИТ ФЕСТ 2015.

BF2015_Cetkar_1 BF2015_Cetkar_2 BF2015_Cetkar_3 BF2015_Cetkar_4 BF2015_Cetkar_5 BF2015_Cetkar_6 BF2015_Cetkar_7