НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Со читање книга до најдобра порака и личност Во детскиот блок на НУУБ „Св. Климент Охридски“ се одржа втората работилница во рамките на проектот „Со читање книга до најдобра порака и личност“ во рамките на БИТ ФЕСТ 2015.
Честа да им чита на децата jа имаше Д-р Валентина Илиева почесен конзул на Република Австрија Во Република Македонија. На мошне  интересен сликовит начин таа им ги пренесе доживувањата од приказната „Мини патува на одмор“ од авторката Кристине Ностлингер.
Во вториот дел на работилницата низ театралната изведба на Маја Кузмановска и Жанета Михајлова беа пренесени доживувањата од приказната „Лавот и глушецот“.
За крај сите деца ја играа играта дувалка „Погоди го лавот“. Благодарност до сите учесници во работилницата посебно до наставниците и учениците од школата за англиски јазик „Розета Стоун“од Битола, центарот за ран детски развој „Сумнал“ од Битола и приватната детска градинка „Волшебно сонце“.

BF2015_Biblioteka_31_07_1 BF2015_Biblioteka_31_07_2 BF2015_Biblioteka_31_07_3 BF2015_Biblioteka_31_07_4 BF2015_Biblioteka_31_07_5 BF2015_Biblioteka_31_07_6 BF2015_Biblioteka_31_07_7