Џез триото на Сашо Поповски со концерт на БИТ ФЕСТ

Џез триото на Сашо Поповски со концерт на БИТ ФЕСТ

Сашо Поповски –гитара, професор на Музичката академија на УГД Штип, своето образование го оформил во Р.Бугарија Софија. Има издадено два албуми и учество во над 50 фестивали во земјата и странство.
Кирил Кузманов-саксофон, професор на Музичката академија на УГД Штип, факултетското образование и магистерските студии ги завршува во Грац Австрија, а член е на Биг Бендот на МРТ.
Иван Бејков-контрабас,основач на проектот ЗЛУСТ и ДНО, член на Тони Китановски трио и вработен во македонската филхармонија.
Пријатните звуци од етно џез-концертот на Сашо Поповски трио, беа уште едно музичко збогатување од многубројната и разнолична  програма на јубилејниот БИТ ФЕСТ 2015.
Пред битолската публика Сашо Поповски трио, настапи со авторски композии на Сашо Поповски, во стил на современ џез.

BF2015_DzezSaso_1 BF2015_DzezSaso_2 BF2015_DzezSaso_3 BF2015_DzezSaso_4 BF2015_DzezSaso_5 BF2015_DzezSaso_6 BF2015_DzezSaso_7