Традиционално и оваа година по повод „4-ти Ноември“ Денот на ослободувањето на Битола, се одржа ноќната атлетска трка, која е во организација на Сојузот на спортови Битола и Сојузот на училишен спорт Битола. На трката учество зедоа ученици од основните и средните училишта.
На победниците односно за освоените први три места им беа доделени дипломи и медали, а наградите ги доделија градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески и заслужни спортисти и професори.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2015/11/Trka4-tiNoemvri_2015-1-783x498.jpg)