Градоначалникот на општина Битола, претставници од Советот на Општина Битола, делегации на Здруженијата на македонсците од Егејскиот дел на Македонија, претставници од Сојузот на борци од Битола и други гости, денес по повод 72 години од формирањето на Првата НОУБ од Егејска Македонија, одадоа почит на местото каде што на 18 ноември 1944 година од леринско – костурската народноослободителна бригада, воденскиот македонски – баталјон и дел од бригадата „Гоце Делчев“ беше формирана првата народноослободителна ударна бригада од Егејска Македонија, која влезе во составот на НОВ и ПО на Македонија. Положувајќи свжо цвеќе пред спомен плочата, присутните порачаа да владее обединетост помеѓу македонците, а злото, несреќите и војните од минатото да останат во историјата.
