ЗАВРШНИТЕ КАДРИ НА ФИЛМОТ „БАЛКАНОТ НЕ Е МРТОВ” ВО БИТОЛА

ЗАВРШНИТЕ КАДРИ НА ФИЛМОТ „БАЛКАНОТ НЕ Е МРТОВ” ВО БИТОЛА

 

   Во Старата битолска чаршија  се снимаа последните сцени од филмот „Балканот не е мртов” во режија на Александар Поповски. Филмот, чие сценарио пак е работено по драмскиот текст на Дејан Дуковски, ја раскажува приказната за љубовта меѓу Кемал Ататурк и Елени Каринте
Драмата на Дејан Дуковски е работена по мотивите на „Македонска крвава свадба”. Љубовната приказна меѓу Кемал и Елени е само една од приказните која се провлекува низ цел филм како лајт мотив.
На смимањето беше присутен и Градоначалникот Талески кој најави дека Битола ќе биде центар за филмските случувања оваа лето.