АМБАСАДОРКАТА НА ЦРНА ГОРА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

АМБАСАДОРКАТА НА ЦРНА ГОРА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски оствари работна средба со амбасадорката на Црна Гора во земјава н.е. Марија Петровиќ и почесниот конзул на Црна Гора Милорад Андријашевиќ.

На средбата, соговорниците изразија взаемно задоволство од досегашната соработка во сите сфери, особено на културната размена. Градоначалникот посочи дека општина Битола е особено горда на одличните релации кои што ги има со двата збратимени градови од Црна Гора, Херцег Нови и Цетиње, со кои, покрај културните врски, се запазуваат и посетите за време на празниците на градовите, каде што се разменуваат искуства и се отвораат можности за натамошна економска соработка.

Амбасадорката Петровиќ истакна дека е многу задоволна од соработката со општина Битола, а во тоа голема улога има и почесниот конзулат на Црна Гора во земјава и почесниот конзул Милорад Андријашевиќ, кои со проактивното делување, ги зацврстуваат меѓусебните блиски односи.