АДАПТАЦИЈА НА КОЛОВОЗ НА ДЕСЕТ КРАЦИ ВО СЕЛО БИСТРИЦА

АДАПТАЦИЈА НА КОЛОВОЗ НА ДЕСЕТ КРАЦИ ВО СЕЛО БИСТРИЦА

Продолжуваат градежните активности на повеќе локации во општина Битола. Покрај градежните зафати на повеќе улици во градот, континуирано се реализираат предвидените проекти за подобрување на инфраструктурните услови и во руралните средини. Покрај на четирите улици во селото Кукуречани, на патот Трново – Магарево, деновиве интензивно се работи и на десет краци во с. Бистрица.

„Во село Бистрица по барање на мештаните, веќе подготвуваме десет краци за асфалтирање. Вкупната должина е околу еден километар, а вредноста на проектот е 3 330 840,00 денари. Мислам дека ова е голема придобивка затоа што местата и краците ги селектираат самите мештани, а ние ги прифаќаме нивните предлози. Оваа градежна сезона максимално е исполнета со активности, а ние се обидуваме максимално на сите граѓани да им излеземе во пресрет, некаде интервенираме со коловоз, водоводна мрежа, канализација, всушност со се она што ќе значи подобрување на  условите за живот на нашите граѓани. Наскоро, очекувам да завршиме уште еден проект кој остана од минатата година од програмата за реализација со ГРАНИТ, а тоа се однесува на улицата Васко Карангелевски која ќе биде преасфалтирана и ќе добие уште два кружни тека“, изјави Градоначалникот на општина Битола, Д-р Владимир Талески.

Во Општина Битола, во тек се подготовки за реконструкција на неколку улици во селата Логоварди, Цапари и Кравари.