БИТ ФЕСТ-Камерен ансамбл „Ad libitum art“

БИТ ФЕСТ-Камерен ансамбл „Ad libitum art“

 Двор на АРМ 21.00
 
Ad Libitum art – вокално инструментален состав при Македонско научно друштво
 
Вокално – инструментален состав „Ad Libitum art“ при МНД – Битола – Центар за едукација и обука – уметнички оддел под раководство на Д-р. Екатерина Јосифовска.
Поттикнати од потребата за збогатување на културно – музичкиот живот во Битола и пошироко на иницијатива на неколку ентузијасти, во рамките на МНД – Битола – Центар за едукација и обука – уметнички оддел под раководство на Д-р. Екатерина Јосифовска, во септември 2010г. се формира вокално-инструменталниот состав „Ad Libitum art“ во кој членуваат реномирани професори – музичари.
Целта на егзистирањето на ансамблот, кој во перспектива планира да се проширува и развива, е презентирање на македонската музичка култура и интегрирање во светската музичка култура со негување на вокално – инструментални композиции од македонски и странски автори од сите жанрови.