БИТ ФЕСТ Изложба: Панде Петровски

БИТ ФЕСТ Изложба: Панде Петровски

КЦ Магаза 20ч.

Започнувајќи од 1959 година до сега има отворено 30 самостојни изложби во Македонија, Србија, Шведска и Австралија. Во своето педесетгодишно ликовно творештво учествувал и на стотина ликовни изложби во Македонија, Србија, Турција и Бугарија. Во последните десетина години има учествувано на над 20 меѓународни ликовни колонии во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Романија. Автор е на неколку книги на афоризми и хуморески, а соработувал и со повеќе весници и списанија.
Добитник е на повеќе награди за афоризам. Позначајни за карикатура му се: третата награда на Југословенскиот конкурс во 1988 год. и специјална на 37 Светска галерија на карикатурата на „Остен“ – Скопје – 2009 година.
Од наградите за сликарство позначајни му се: Мајската награда на ДЛУБ – 1968 г.наградата 4 ноември на Општина Битола во 1987 г.како и плакетата за најуспешен Битолчанец од областа на културата во 2009 г.