На Светскиот саем за туризам во Лугано, Швајцарија, Општината Битола неодамна се закити со уште едно исклучително признание. Битола беше прогласена за најавангардна туристичка дестинација во регионот.
На околу 300 штандови имаше излагачи од пет континенти, а Општината Битола ја доби единствената награда во категоријата, авангардна дестинација.
Битола победи во категоријата за најавангардна дестинација бидејќи Општината Битола има визија за развој на туризмот и располага со големо културно-историско наследство што го заштитува.