Градоначалникот Талески на свечан начин го отвори Бизнис инкубаторот сместен во МЗ Велко Влахович кој е прв од ваков вид во регионот. Целта на инкубаторот е да помогне во развојот на малите бизниси преку обука, семинари, изнајмување на канцелариски простор со што ќе се поттикнува претприемништвото во регионот и државата. Инкубаторот е заеднички проект на Општина Битола и Центарот за развој на нови бизниси како и останатите партнери Универзитетот „Св Климент Охридски“ Битола, Техничкиот факултет, АППРМ, регионалната стопанска комора, Регионалниот центар за поддршка на претприемништвотот, во соработка со холандската невладина SPARK А финансиран од Холандската Влада и Општина Битола.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2015/05/BiznisInkubator-1-100x67.jpg)