Продолжува реализацијата на проектот ул.„Железничка“ и сега е во фаза на решавање на имотно правните обврски во делот на експропријација на стамбените објекти кои се на трасата на улицата, за што овие дена се изврши и рушење на првиот стамбен објект. После ова следи изградба на улицата Железничка чија реализација ќе биде вклопена во програмата за работа на Општината Битола во 2005 год. и во соработка со Републичкиот фонд за регионални и магистрални патишта, бидејќи оваа улица има третман на транзитна сообраќајница. Реализацијата се очекува да биде во 2005 год. и со тоа во голем дел ќе се разреши проблемот од сообраќаен аспект на градот и растеретување на останатите улици.
