Програмата на конзервација, реставрација и реконструкција на фасадите на ул.Маршал Тито – Широк Сокак во Битола, започната во 2001г. е проект под организација и реализација на НУ Завод и музеј – Битола, финансиран од страна на Министерството на култура на Република Македонија. Проектот од Владата на Република Македонија е назначен како стратешка програма за зачувување на нашето недвижно културно наследство и развој на културниот туризам, преку презентација на културно-историското богатство.
Основна цел на овој проект е заштита и враќање на изгледот на амбиенталната улица Широк сокак во Битола, споменик на културата во Заштитена зона 2, централно градско подрачје, со што би се зачувувала урбаната слика на градот и неговата историска физичка структура. Реализацијата на проектот започна во 2002г. со комплетно учество на стручните екипи на НУ Завод и музеј – Битола, под чија координација се одвиваа предвидените урбано санациони мерки на конзервација, реставрација и реконструкција на фасадите на објектите.
Во изминатиот период се завршени три фази на реализација од проектот, односно во
2002г.
- се изведени урбано санациони мерки на конзервација, реставрација и реконструкција фасадите на објектите на ул.Маршал Тито бр.39; бр.41; бр.43; бр.45; бр.49; бр.51; бр.44; бр.46; бр.48; бр.50; бр.52; бр.54;
(комплетно финансирани од страна на Министерството на култура на Република Македонија);
во 2003г.
- се изведени урбано санациони мерки на конзервација, реставрација и реконструкција фасадите на објектите на ул.Маршал Тито бр.26; бр.30; бр.32; бр.34; бр.40; бр.42а; бр.42б; бр.55; бр.56; бр.57; бр.59; бр.61; бр.63; бр.65; бр.67;
- објектите на ул.Добривое Радосављевиќ бр.3; бр.6;
(шест објекти се финсирани од страна на Светската банка, додека преостанатите се финансирани од страна на Министерството на култура на Република Македонија);
во 2003г.
- се изведени урбано санациони мерки на конзервација, реставрација и реконструкција фасадите на објектите на ул.Маршал Тито бр.56; бр.77; бр.79; бр.99; бр.101; бр.105;
(комплетно финансирани од страна на Министерството на култура на Република Македонија);
Со досегашните три фази од овој проект досега се конзервирани, реставрирани и реконструктуирани фасадите на 34 објекти од заштитената амбиентална целина, споменик на културата. Во изминатите три години, се реализирани средствата доставени од страна на Министерството на култура на Република Македонија во висина од 17 750 202.оо ден. за проектот за конзервација, реставрација и реконструкција на фасадите на ул.Маршал Тито – Широк Сокак во Битола.