КОНЦЕРТ НА ГУДАЧКИОТ КВАРТЕТ ЕКВИЛИБРИУМ

КОНЦЕРТ НА ГУДАЧКИОТ КВАРТЕТ ЕКВИЛИБРИУМ

Во организација на Општина Битола се организира концерт на гудачкиот квартет Еквилибриум, кои донесоа еден нов звук на музичката сцена во Битола. Името Еквилибриум означува рамнотежа, баланс, хармонија па во тие рамки квартетот  истражува во просторот на совршеноста на музиката , на хармонијата и звуците на новото време. Нивната цел е да им се обратат на публиката со една мисла и со една порака а тоа е совршеноста на музиката.