Во Старата битолска чаршија се снимаа последните сцени од филмот „Балканот не е мртов” во режија на Александар Поповски. Филмот, чие сценарио пак е работено по драмскиот текст на Дејан Дуковски, ја раскажува приказната за љубовта меѓу Кемал Ататурк и Елени Каринте
Драмата на Дејан Дуковски е работена по мотивите на „Македонска крвава свадба”. Љубовната приказна меѓу Кемал и Елени е само една од приказните која се провлекува низ цел филм како лајт мотив.
На смимањето беше присутен и Градоначалникот Талески кој најави дека Битола ќе биде центар за филмските случувања оваа лето.