Над 1000 вљубеници во ракометот во Спортската сала Младост, вчера имаа можност да ја проследат завршницата од републичкото младинско првенство во ракомет во машка конкуренција за 2012/2013.
Во финалето се сретнаа Ракометниот клуб Пелистер од Битола и РК Вардар од Скопје, а натпреварот резултираше со 22:19, во корист на РК Пелистер од Битола.
Пехарите и медалите им беа доделени: за освоено трето место на РК „Текстилец“ од Штип, за второ место на РК „Вардар“ од Скопје, а на победничкиот клуб РК „Пелистер“ од Битола, за освоеното прво место медалот го додели Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески.