ОПШТИНА БИТОЛА ЈА ОДБЕЛЕЖА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ

ОПШТИНА БИТОЛА ЈА ОДБЕЛЕЖА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ

Следејќи ги современите трендови и текови на мобилност,  заштита на животната средина и природата, со низа активности, општина Битола во соработка со СВР-Битола, Фото кино клуб Битола, ЗГ„Биосфера“, граѓанска иницијатива „Битола на точак“ и основните училишта од општината, од 16 до 22 септември организираа низа активности кои имаа за цел  една поширока општествена промоција на пешачењето, велосипедизмот и останатите форми на алтернативен транспорт. Во изминатата седмица беа организирани:дебата на тема: Одржлив транспорт во општина Битола, фото и ликовен конкурс и повеќе едукативни прилози во соработка со локалните медиуми. На фото конкурсот во соработка со Фото кино клубот од Битола беа наградени најдобрите фотографии на: прво место – фотографијата со наслов „Битолска критична маса“ на Викторија Николовска, второ место „Девојката со точакот 3“ на Марија Трпеновска и трето место за фотографијата со наслов „Нерамнотежа“ на Невена Тодоровска. Од пријавените ликовни творби, денес градоначалникот Талески им додели дипломи на: прво место на Андреа Петровска ОУ Т.Ангелевски, второ место Константин Ѓоргиевски ОУ Даме Груев, трето место Магдалена Петровска ОУ Трифун Пановски и посебни признанија за група ученици ОУ „Елпида Караманди“ село Цапари и Гордана Вурмо ОУ „Т.Ангелевски“. На денешниот настан  кој измина во знак на одбележување на 22 септември Европскиот ден  без автомобили беа заокружени активностите во рамките  на Европската недела на мобилност.
„Денес го финализираме проектот „Европска недела на мобилност“. Тоа беше недела во која вниманието со посебен акцент беше ставено на животната средина. Автомобилизмот е глобален проблем и цениме дека една од главните причинители на загадување се токму автомобилите. Оваа недела беше посветена на алтернативните можности за движење. Верувам дека идниот период општина Битола ќе го заокружи и својот голем проект за велосипедски патеки низ градот што претпоставуваме дека ќе придонесе многу да се намали возењето со автомобили. Во изминатиот период исто така, реализирани се и други инфраструктурни активности од големо значење за општината, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Во денешниот настан настан беа вклучени над 300 ученици од сите основни училишта во општина Битола.