Министерот Неждет Мустафа денес ја посети општината Битола. Работниот состанок започна со посета на ОУ Ѓорѓи Сугарев, каде што министерот беше импресиониран од модернизираните услови во кои се школуваат учениците, а потоа беше остварена посета на улицата Караорман, проект финансиран од средства од Декадата на ромите и финансиски средства од општина Битола.
