За својата голема активност како почесен конзул на Романија во Битола, конзулот Александру Мамакис беше награден со високо признание – орден од претседателот на Романија.
На денешната средба Мамакис информираше за своите досегашни заложби, како и за идните заеднички планови кои ќе се реализираат во соработка со општина Битола.Во идниот период, Романија планира отворање и на канцеларија за економски прашања во Битола, како и интензивирање на понатамошните активности во останатите области.
