Општина Битола и оваа седмица организираше отворен ден за граѓаните. На денешниот отворен ден општината ја посетија 30 граѓани од кои најголем број сакаа да се сретнат лично со градоначалникот и да поразговараат за своите предлози, проблеми и прашања, но имаше и граѓани кои дадоа свои идеи од интерес на целата општина.
Општина Битола продолжува со организацијата на отворени денови кои зависно од динамиката и интересот ќе се одржуваат најмалку еднаш до два пати седмично.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2015/05/Otv_den2_2_14_1-100x60.jpg)