СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ СО ПОЧЕСНИТЕ КОНЗУЛИ

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ СО ПОЧЕСНИТЕ КОНЗУЛИ

Инвестициските можности кои ги нуди општина Битола, денеска ги претстави градоначалникот на оваа општина пред 35 конзули на Македонија во странство. Оваа работна средба овозможув поголема промоција и афирмација на општина Битола, а истовремено отвора и перспективи за понатамошен економски развој.
„Ние сме почестени што во нивната програма е посетата на Битола. Иако не се задржуваат премногу во Битола, сепак сакаме рационално да го искористиме времето. Ги запознав со најосновните работи – за нас многу, суштински значајни, а можеби и за нив. Ги запознавме со условите во ИЗ Жабени, со проектот и резултатите кои ги имаме досега постигнато во зоната, со условите за решавање на најгорливиот проблем невработеноста, вториот проект е касарната и сите проекти кои што ги подготвувавме сите овие години наназад со детални урбанистички планови, како: Нижеполе, Пелистер, голф терените, ски терените, катните гаражи итн. Се тоа сублимирано на еден диск, денеска им го презентиравме, а таков диск им подаривме. Сигурен сум дека ќе понесат големи впечатоци од Битола. Дел од конзулите веќе и самите покажаа интерес за условите во нашата општина за купување на земјиште и градење, затоа што дел од нив се и бизнисмени. На овој начин се создаваат услови за зголемување на бројот на инвеститори во општина Битола и во Република Македонија, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на општина Битола.
Видео презентацијата со неколку најзначајни проекти за општина Битола предизвика голем интерес кај присутните конзули кои веќе ги покажаа своите импресии од владините програми, како и од поволностите кои се овозможуваат за инвеститорите во Република Македонија. Дел од конзулите веќе покажаа интерес за развивање на својот бизнис во нашата држава, а ваквите средби ги оценуваат како исклучителна можност за промоција на Република Македонија.
„Ова е вториот самит организиран од министерството за надворешни работи. Пред 4 години на првиот Самит беа присутни 20-тина почесни конзули, а сега се над 30, што значи дека Македонија се развива не само на економски план, туку се зголемува и бројот на почесни конзули, што е многу важно, затоа што, колку повеќе почесни конзули се соочуваат со предностите на оваа земја, толку повеќе промотори имаме надвор од земјата“, изјави Мирче Филиповски почесен конзул на Република Македонија во градот Мајнц, Р.Германија.
Оваа работна средба продолжи со прошетка низ Широк сокак во Битола и запознавање на гостите со големото културно историско богатство на градот.