БИТОЛА СО СРЦЕ ЗА СРБИЈА БИХ И ХРВАТСКА

БИТОЛА СО СРЦЕ ЗА СРБИЈА БИХ И ХРВАТСКА

 

Општина Битола, почесниот српски конзулат во овој град и граѓански организации денеска на плоштадот „Магнолија“ одржаа голема хуманитарна акција „Битола со срце за Србија, БиХ и Хрватска“ проследена со музички хепенинг посветени на граѓаните од поплавените подрачја во тие држави.

На десеттина отворени штандови се собираа конзервирана храна, вода, облека и финансиски средства кои преку општинскиот Црвен Крст ќе бидат доставени до националните тела што ја координираат помошта до трите балкански држави.

По иницијатива на градоначалникот и со одлука на Советот на општина Битола, советниците од локалниот буџет издвоија еден милион денари како прва помош, а со хуманитарни активности ќе се дејствува и во наредниот период.