Por Ché Ne Trio со концерт на БИТ ФЕСТ

Por Ché Ne Trio со концерт на БИТ ФЕСТ

Por Ché Ne Trio е космополитски микс од три силни музички карактери, секој од нив икона за традиционална музика во својата земја Аргентина, Италија и Македонија.
Љубовта и страста кон џезот и сите негови форми ја изразуваат преку изведба од Јохан Себастијан Бах и сите форми на контрапункт, хармонија и организација на мотив до балкански ритам со  негови мелодии.
Нивната музика претставува трансферзала помеѓу три држави со оригинални композиции.
Во својата година дена на постоење, космополитскиот микс Por Ché Ne Trio има настапувано на различни места во светот како, Аргентина, Америка, Европа, Балканот и Македонија.

Битолската публика во дворот на Магазата имаше задоволство да ужива во прекрасната вечер со звуците на космополитскиот микс од музичките култури на Македонија, Аргентина и Италија симпатично украсена со талентот на младиот Симеон Петров-труба и прекрасниот вокал на Елена.

Por Ché Ne Trio е дел од програмата на серијата бројни концерти на самото одбројубање од  десеттиот БИТ ФЕСТ 2015.

BF2015KoncertCheNeTrio_1 BF2015KoncertCheNeTrio_2 BF2015KoncertCheNeTrio_3 BF2015KoncertCheNeTrio_4 BF2015KoncertCheNeTrio_5 BF2015KoncertCheNeTrio_6 BF2015KoncertCheNeTrio_7 BF2015KoncertCheNeTrio_8