АМБАСАДОРОТ НА САД Н.Е. ФИЛИП РИКЕР ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БИТОЛА

АМБАСАДОРОТ НА САД Н.Е. ФИЛИП РИКЕР ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БИТОЛА

Амбасадорот Н.Е Рикер оствари официјална средба со Градоначалникот Талески кој го запозна со проектите и плановите на општината пред се во делот на економскиот развој. Потоа заедно се упатија кон американското катче во Битола каде проследија приредба од страна на најмладите посетители на курсот по англиски јазик , а потоа амбасадорот им додели дипломи за завршениот курс  по англиски јазик .
Амбасадорот Н.Е Рикер посетата во Битола ја искористи и да ги посети Еврејските гробишта и битолската млекара ИМБ.