НА БИТ ФЕСТ: ПРЕМИЕРА НА ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „РОЗЕНКРАНЦ И ГИЛДЕНСТЕРН СЕ МРТВИ“

НА БИТ ФЕСТ: ПРЕМИЕРА НА ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „РОЗЕНКРАНЦ И ГИЛДЕНСТЕРН СЕ МРТВИ“

Народниот театар од Битола вчеравечер премиерно на БИТ ФЕСТ ја изведе театарската претстава „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“ од Том Стопард во режија на Никита Миливојевиќ од Србија.
Во претставата настапуваат дваесеттина актери од сите генерации во Битолскиот народен театар, а по премиерното изведување претставата ќе биде поставена на редовниот репертоар и ќе продолжи да се игра во Офицерскиот дом.
Главните улоги, ликовите на Розенкранц и Гилденстерн, ги играат Огнен Дранговски и Мартин Мирчевски, а заедно со нив настапуваат и Петар Мирчевски, Марјан Ѓоргиевски, Петар Горко, Соња Михајлова, Борис Чоревски, Катерина Аневска, Никола Пројчевски, Слободан Степановски, Иван Јерчиќ, Александар Стефановски, Борче Ѓаковски, Соња Ошавкова, Илина Чоревска, Маја Андоновска, Пеце Спировски и Душко Јовановиќ.
 
Сценографијата за најновата театарска премиера ја изработи Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, музиката на Миодраг Нечак, а сценските движења ги подготви гостинката од Шкотска, Амалија Бенет.