ПРИЗНАНИЈА ЗА НАГРАДЕНИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ

ПРИЗНАНИЈА ЗА НАГРАДЕНИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ

Градоначалникот на општина Битола д-р. Владимир Талески денес, ги прими средношколците од гимназијата ,, Јосип Броз Тито ’’, кои на државниот натпревар за скијање за средношколци во категоријата велеслалом, освоија три медали. И тоа Лидија Симјановска со освоено прво место во категоријата прва и втора година, Дамјан Неделковски со освоено второ место во категоријата трета и четврта година, и Александра Цветковска го освои третото место во категоријата прва и втора година.

Нашите гимназијалци не само што се најдобри во државата за учење, туку меѓу нив имаме и одлични спортисти скијачи, кои ги освоија највисоките признанија на државниот натпревар во Маврово, изјави градоначалникот Талески.