Во селото Рамна, денеска започна рекострукцијата на мостот, проект финансиран преку Агенцијата за рурален развој. Вредноста на овој проект изнесува околу 4 500 000, 00 денари, а истиот е од големо значење за мештаните.
„Овој мост беше особено потребен за жителите на Лера и Рамна, бидејќи за своите потреби мораа да заобиколат околу 11 километри за да стигнат до своите ниви. Преку агенцијата за рурален развој обезбедени се средства, проектот и целата постапка со тендерската документација е завршена и овие денови започната е интервенцијата. Се работи за една многу убава конструкција, изработена на професионален начин и очекувам за 2 месеци да биде завршен овој мост“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Градоначалникот Талески, потсети дека 50% од патната инфраструктура во овој дел е завршен, а останува уште патот околу Доленци за кој во моментот се бара начин за реконструкција.
