По повод 11 октомври пред споменикот на Народноослободителната војна на Македонија свежо цвеќе положи Градоначалникот на општина Битола, претставници на Советот на општината, Сојузот на борци и претставници на политичките партии.
„Овој ден потсетува на времето на една значајна генерација, време пример за сите генерации, за младите кои во тој период обединети околу идејата за самостојна Македонија тргна во ослободителна борба која воедно беше и национална борба за независна Македонија” изјави д-р Владимир Талески градоначалник на општина Битола.
