23 годишниот Александар Пинзовски кој на Водици го извлече светиот крст од водите на базенот во храмот Свети Великомаченик Димитриј денес оствари средба со градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески. Пинзовски од градоначалникот доби икона со ликот на заштитникот на градот Свети Нектариј Битолски и парична награда за која Пинзовски најави дека ќе биде донирана.
