ЗЕЛЕНИ РАБОТНИ МЕСТА – МОЖНОСТИ И ПРЕДИЗВИЦИ

ЗЕЛЕНИ РАБОТНИ МЕСТА – МОЖНОСТИ И ПРЕДИЗВИЦИ

Во организација на локалниот економско-социјален совет на општина Битола, во Советот на општина Битола се одржа јавна трибина на тема „Зелени работни места, можности и предизвици“.

За оваа програмска определба и можноста за отворање на т.н. зелени работни места на трибината свое обраќање имаа Вирна Манасиева, специјалист за јавно-приватно партнерство  од мрежата ЈЕС на УСАИД, Пеце Недановски, претседател на Центар за економски истражувања, Игор Неделковски, претседател на Македонско научно друштво-Битола и претставниците од бизнис секторот Драган Китановски и Никола Марковски.

Д-р Владимир Талески градоначалник на Битола нагласи дека во тек е проектот за гасификација, но и топлификацијата на Битола.

Зелени работни места е проект што општина Битола преку ЛЕСС го работи во неколку фази. Трибината „Зелени работни места можности и предизвици“ има за цел подигнување на свеста и иницијативата за водење зелен бизнис.