Годинешната традиционална изложба на Битолскиот монмартр беше отворена на Платото на Монмартр во Битола, а целта е да заживее чаршијата, место каде учесниците ги поминуваат незаборавните денови за време на нивниот престој во Битола, а граѓаните, гостите и туристите да се запознаат со големото ликовно богатство со кое располага Битола и Република Македонија. На изложбата се поместени околу 150 најдобри дела од 600 создадени за време на седумте денови во Битола, Вевчани и Охрид на тема: Старата македонска архитектура. Изложбата ќе има патувачки карактер во повеќе места во земјата и странство.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2017/07/matine-3-783x561.jpg)