Настанот беше отворен од страна на Амбасадорот на Израел во Македонија Н.Е Дан Оријан со промоција на документарниот филм на Пјер Лави „Специјалната посета во Македонија“. Документарниот филм е направен по посетата на лица со посебни потреби од Израел, кои минатата година ја посетија Битола и други градови во Македонија, во организација на Амбасадорот Дан Оријан. Веднаш по проекцијата следуваше концерт на сефардска музика етно кој направи прекрасна атмосфера во Културниот центар Магаза.
